Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Вардаровите кадети го победија Пелистер на контролен натпревар

Вардаровите кадети го победија Пелистер на контролен натпревар

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар се наоѓаат на подготовки во Струга, каде ја темпираат формата за новата натпреварувачка сезона. Избраниците на Влатко Колев го одиграа првиот контролен натпревар, на кој забележаа победа. Противник им беа врсниците од Пелистер, овој дуел заврши во корист на црвено-црните со резултат 2:1. Натпреварот се одигра на теренот на Караорман.

Се играа две полувремиња по 40 минути, а тренерот Колев им даде шанса за настап на сите играчи кои му се на располагање на овие подготовки. Задоволува играта на нашите кадети, кои покрај головите имаа уште неколку добри шанси за поубедлива победа. Стрелци на головите за кадетскиот состов Вардар беа капитенот Дејан Маркоски и Андреј Милевски.

На 3-ти август екипата се враќа во Скопје, каде ќе продолжат со тренинзи на академијата.