По повод денешниот бадник и утрешниот ден кога се одбележува раѓањето на Исус Христос, православен Божиќ сопственикот на трите клубови Вардар и почесен руски конзул во Македонија г-н Сергеј Самсоненко со честитка до православните граѓани на Македонија, во истата се вели :
На сите граѓани во Македонија кои го слават Божиќ, им посакувам радоста на Христовото раѓање да им ги исполни срцата и домовите со мир и љубов кон другиот. Христијанството нè учи на уважување, толеранција и заедништво, а славењето на најголемиот христијански празник испраќа порака да се собереме и заедно да направиме сè да имаме општество со среќни луѓе.
Ова е можност не само да покажеме подготвеност, туку и да чиниме добро и да бидеме дарежливи кон другите. Искрено посакувам Божиќ да го поминете во христијански дух кој во секој човек буди топлина и радост.
Во тоа име и надеж ви посакувам среќен и благословен Божиќ. Дочекајте го во добро здравје со своите најблиски.
Сергеј Самсоненко