Десниот бек на Вардар Владица Брдаровски, вчера го одигра 100-тиот официјален натпревар во дресот на „црвено-црните“. Неговиот јубилеј беше заокружен со триумф над Македонија Ѓорче Петров од 3:1, и тоа му беше најубавиот подарок на фудбалерот.
„Вардар Фанс” му го честита овој јубилеј на Брдаровски и му посакува добредојде во „клубот 100″ , каде чест и привилегија е да си дел.
Честитки Владица Брдаровски!