Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Кисељев и Парондо: Мешков е квалитетен противник, утре одиме на триумф
Кисељев и Парондо: Мешков е квалитетен противник, утре одиме на триумф

Кисељев и Парондо: Мешков е квалитетен противник, утре одиме на триумф

Утре ќе се одигра  дербито од СЕХА Газпром лигата против Мешков и нашиот РК Вардар. Мечот  е закажан за утре (вторник) во 17,15 часот во СЦ „Јане Сандански”.  На денешната прес конференција пред оваа средба тренерот на црвено-црните и рускиот бек Кисељев ги соопштија своите очекувања.

Роберто Парондо – тренер на Вардар
“Немавме многу време да се подготвиме за овој натпревар, но како и секогаш, нашата цел е да играме добро и да победиме. Пред два дена, ја завршивме групната фаза во Лигата на шампионите и треба да се подготвиме за нокаут фазата. Исто така, ќе играме на Ф4 во СЕХА лигата, но дотогаш имаме уште 3 натпревари во кои ќе се обидеме да ја подобриме нашата игра и формата. “

Димитри Кисељев – играч на Вардар
“Знаеме дека Мешков Брест има добар квалитет и секогаш е тешко да се игра против нив. Тие се многу солидна екипа и имаат одлични поединци. Затоа, мислам дека утре ќе има многу интересен натпревар кој е важен и за Вардар и Мешков, кои постојано играат во СЕХА Лигата и Лигата на Шампионите “

Сите што имаат билет од мечот од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар и Монпелје можат на овој дуелот со Мешков исто така да го проследат мечот бесплатно. Поединечни билети за мечот со Мешков се продаваат преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на Сц „Јане Сандански“