Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Четири генерации на ФК Вардар во борба за пласман во големото финале од купот на Македонија
Четири генерации на ФК Вардар во борба за пласман во големото финале од купот на Македонија

Четири генерации на ФК Вардар во борба за пласман во големото финале од купот на Македонија

Во среда и четврток своите реванши од полуфиналето на младинскиот фудбалски куп ќе ги одиграат четири генерации на ФК Вардар, кои ќе се борат за пласман во големото финале на националниот куп.

Младинците на Вардар во среда гостуваат на Работнички, меч кој ќе започне од 11:00 часот на теренот на Алумина. Избраниците на Сашо Тодоровски имаат предност од 2:1, после првиот одигран меч на домашен терен. Интересно оваа сезона Вардар на три пати го победи градскиот ривал и тоа сите мечеви завршија со резултат 2:1, сите во наша корист.

Помладите пионери ќе се обидат да стигнат до четвртиот последователен триумф во дуелите со Њу Старс и тоа само за десеттина дена. Најпрво избраниците на Деспотовски го совладаа противникот на првиот полуфинален дуел од купот и тоа убедливо со резултат 7:0, за подоцна да ги добијат и следните два меча против Њу Старс во рамките на помладаа пионерска супер лига. Реваншот кој треба да биде само формалност за црвено-црните е закажан да се одигра во четврток од почеток од 10:00 часот на теренот во Ѓорче.

Својот реванш во полуфиналето на купот ќе го одигра и генерацијата 2004 на Вардар, која во среда на теренот на Академијата со почеток од 11:00 часот ќе ја пречека екипата на Академија Пандев. Избраниците на Петар Георгиески имаат активен резултат од 2:2 после првиот одигран дуел во Струмица.

Полесна задача за пласман во големото финале од купот треба да имаат избраниците на Зоран Петковски, тоа е генерацијата родени 2005 година кои се домаќини на екипата на Шкендија. Вардарци имаат висок резултат од 3:0 од првиот одигран меч во Тетово, предност која не треба да претставува проблем да се сочува и на реваншот. Мечот ќе се одигра на теренот на Академијата, во среда со почеток од 14:00 часот.