Женскиот кошаркарски клуб Вардар ќе го брани Куп-пехарот и оваа сезона, нашите девојки ќе се обидат да дојдат до треттата титула во ова натпреварување едно по друго. Годинава завршницата на Купот односно Ф-4 турнирот ќе се игра во Гевгелија, истиот еднаш беше закажан па преместен за овој викенд.
Полуфиналето се игра во сабота, 13.април со почеток во 14-15 часот, во истото се сретнуваме со тимот на ЖКК Работнички. Во другиот дуел Бадел ќе вкрсти со ЖКК Струга 2009. Од полуфиналињата нема да има пренос на ТВ, но истите ќе може да се гледаат во живо низ стрим на каналот на МОК. Финалето ќе биде емитувано на МТВ и со голема веројатност во ние повторно по 3 пат ќе вкрстиме во Бадел. На завршницата на Купот, девојките на Жаклина Стојановска патуваат како лидери на табелата во Првата лига.