Пионерите на ФК Вардар имаа успешно 19.коло во рамките на пионерската-супер лига, откако славеа убедливо на гостувањето во Ѓорче, кај екипата на Њу Старс. Избраниците на Кралевски одиграа одличен меч кој го добија со резултат 0:4. Тоа беше вкупно 12 победа за црвено-црните во лигата, со која се зацврстија на врвот на табелата. Гол шоу на овој дуел имаше Мартин Радуловиќ-Величковиќ кој успеа да постигне хет-трик и да му донесе три бода на својот тим. За нашиот сајт тој ги сподели впечатоците од убедливата победа во колото кое е позади нас.
-Уште пред натпреварот мотивацијата ни беше преголема, затоа што не ни одговараше ниту пораз, ниту нерешен резултат. Влеговме во натпреварот максимално мотивирани од нашиот тренер Кралевски, кој ни кажа да ја играме нашата игра и да покажеме дека првиот натпревар од 2:2 е еден наш кикс кој мора да се заборави. Тоа и го направивм, го добивме мечот, а самиот резултат од 4:0 кажува за нашата супериорност на овој дуел.
Во следното коло, Вардар на домашен терен ја пречекува екипата на Брегалница, дуел кој мора да се добие.
-Секогаш сум оптимист и на секој натпревар ние одиме на победа, затоа што ние ,,Вардар” сме фаворити за освојување, а со тоа и одбрана на титулата. Натпреварот против Брегалница мора да биде подобар од натпреварот против ,,Њу Старс” затоа што нормално на секој натпревар одиме на триумф.
Ова е втор хет-трик за Величковиќ кој е еден од најстардните играчи во оваа генерација на Вардар. Тој верува дека неговата екипа е доволно квалитетна оваа сезона да ја одбрани титулата.
-Мене најважна ми е победата, без разлика колку гола ќе дадам. Хет-Трик имав и минатата година против Македонија Ѓорче Петров, но пак ќе напоменам најважна ми е победата. Честитки до сите мои соиграчи за добрата игра, се надевам дека ќе продолжиме со победи и нормално на крајот од сезоната очекувам да го подигнеме шампионскиот пехар.
Звонко Ивановски