Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > 4/4 за Вардаровите генерации во дуелите со Битолски Пелистер

4/4 за Вардаровите генерации во дуелите со Битолски Пелистер

Изминатиов викенд сите четири Вардарови генерации кои се натпреваруваат во првенството забележаа победи во дуелите со екипите на Пелистер и со тоа ја продолжија добрата игра на стартот од сезоната.

-Помладите пионери стигнаа до првите три бода, откако со резултатски пресврт ги победија своите врсници од Битола. Марио Илиевски го постигна одлучувачкиот гол за водство од 3:2, што на крај се покажа како конечен резултат. Претходно од негативата се враќавме со погодоците на Петкоски и Спировски. Ова е прв триумф во новата сезона за избраниците на Сашо Јанев.

Максимални шест бода по првите две одиграни кола за Вардаровите пионери, кои продолжуваат со победи во новата сезона. После освојувањето на “Скопје куп“ , оваа генерација започна со два триумфа во пренството. Минималната победа од 1:0 против Пелистер им донесоа нови три бода за избраниците на Тодоровски. Стрелец на единствениот гол беше Али Адем.

Кадетите продолжуваат со победи во новата сезона. Иако се осетно ослабени поради неиграњето на капитенот Дејан Маркоски, оваа генерација покажува дека може да се надигрува со секого. Повторно избраниците на Колев се враќаа од негатива и на крајот успеаа да слават со резултат 1:2 на гостувањето во Битола. Александар Трајчевски повторно блескаше, постигнувајќи два гола за нови три бода на својата екипа.

-Возбудливо дерби кое е е најголемо во Македонскиот фудбал, неизвесно до самиот крај. Мислам дека повеќе ја посакувавме победата и тоа беше решавачкиот момент за конечниот триумф. Мора да ги пофалам Пелистер за одличниот прием, кои се покажаа како одлични домаќини. Сега веќе ги насочуваме мислите кон следниот противник, а тоа е екипата на Милано. Повторно не очекува дерби меч со силен противник, изјави тренерот на кадетите Влатко Колев.

Победа на гостувањето во Битола и за нашите младинци, кои беа подобри од своите врсници од Пелистер. Иако домашната екипа прва го отвори резултатот, до крајот на натпреварот избраниците на Љупчо Марковски направија комплетен пресврт и со три погодоци ја осигураа победата. Беќири, Личина и Дишлиевски беа стрелци на головите за Вардар.

Следен противник за сите наши екипи ќе биде Милано од Куманово.