Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и нерешен резултат за генер. “2003“ и “2004“ во дуелите со А. Пандев, на турнирот во Благоевград

Победа и нерешен резултат за генер. “2003“ и “2004“ во дуелите со А. Пандев, на турнирот во Благоевград

Денес продолжија натпреварите за Вардаровите генерации на турнирот во Благоевград. Утрово двете наши екипи, родени “2003“ и “2004“ година одиграа мечеви со екипите на Академија Пандев. Беа забележани една победа и нерешен резултат.

Генерацијата родени “2003“ година одиграа со нерешен резултат 1:1 против своите врсници од Академија Пандев. Црвено-црните први го отворија резултатот на овој меч и поведоа со голот на Лео Андрески, за предност од 1:0. Со овој резултат се замина на полувреме. Во вториот дел екипата на Академија Пандев успеа да го израмни резултатот на 1:1, со удар од белата точка. Овој резултат се покажа како конечен на крајот.

За разлика од нив, Вардарците родени “2004’ година успеаа да забележат победа во дуелот со екипата на Академија Пандев. Разликата во квалитет беше очигледна на двете страни и уште по првиот дел имавме водство од 2:0. Во второто полувреме уште еден гол во противничката мрежа, за конечен резултат од 3:0. Стрелци на головите беа Георг Стојановски, Максим Милошевски и Матео Софијаноски.

Двете Вардарови генерации до крајот на денот ќе одиграат уште по еден натпревар. Противник ќе ни биде екипата на Војводина од Србија. Натпреварите ќе започнат од 18:40 часот.