Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардар му одржа лекција на шампионот на БиХ, дуото Влаќевски-Димитровски повторно во елемент

Куглање! Вардар му одржа лекција на шампионот на БиХ, дуото Влаќевски-Димитровски повторно во елемент

  • kuglanjeНа последниот ден од турнирот во градот Бања Лука, Република Српска, БиХ вардарци се сретнаа со домаќинот и воедно шампион на Босна екипата на КК Ревита. Домаќинот на турнирот доби кугларска лекција од нашиот ”црвено-црн” колектив, кој му нанесе пораз со висока разлика од над 200 соборени “дрва”. По овој последен ден на турнирот во Бања Лука момците се вратија во Скопје.

    Вкупниот резултат на крајот беше 3403 “соборени дрва” за избраниците на Драги Димитровски наспроти 3201 на домаќинот КК Ревита. Вардарци победата ја однесоа со 6-2 во поени (16-8). Повторно “назад” го имавме ударното дуо Димитар Димитровски-Бојан Влаќевски кое отиде над границата од 600. Се очекуваше вакво нешто по првиот натпреварувачки ден кога немаа најсјани бројки како што ние сме се навикнале на нив. Димитар Димитровски е наш најдобар скор со 662 соборени ”чуеви”, веднаш зад него беше Влаќевски партнерот од ударното дуо тој имаше скор од 616. Трет скор имаше Ристевски 559, по него најистакнат беше Маријан Згонац со 546. Човекот кој првиот ден отиде над 600, искусниот Миле Димковски забележа скор од 530, Стојановски имаше 524.
    Овој турнир беше одлична прилика за кугларите да се подготват пред настапот во Италија на Светскиот куп оваа есен. Радува повторно одличната форма на ударното дуо Димитровски-Влаќевски кои одат над 600-ка и овој пат.