Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор ја започнува сезоната во супер лигата, со гостински натпревар против Прилеп

Вардар Јуниор ја започнува сезоната во супер лигата, со гостински натпревар против Прилеп

Вардар Јуниор новата сезона во супер лигата ќе ја започне на 17/18 септември на гостински терен, против екипата на Прилеп. Во второто коло ќе бидеме домаќини на екипата на Тинекс Пролет. Вака е одлучено во седиштето на ракометната федерација на Македонија, каде беше одреден редоследот на натпревари за целата натпреварувачка сезона. Во новата сезона екипата ќе ја предводи Стојан Петрушевски, која ќе биде доста подмладена, составена претежно од играчи кои беа вицешампиони во првата ракометна лига. Првиот тим на РК Вардар кој ја брани титулата поради настапите во Сеха-лигата, ќе се приклучи во домашното првенство, во плеј-оф разигрувањето.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – 
Супер лига, мажи – сезона 2016/2017

1 коло: Прилеп – Вардар јуниор
2 коло: Вардар јуниор – Пролет
3 коло: Радовиш – Вардар јуниор
4 коло: Вардар јуниор – Работнички
5 коло: Охрид - Вардар јуниор
6 коло: Вардар јуниор – Борец
7 коло: Победник од бараж – Вардар јуниор
8 коло: Работник - Вардар јуниор
9 коло: Вардар јуниор – Пелистер
10 коло: Вардар јуниор – Прилеп
11 коло: Пролет – Вардар јуниор
12 коло: Вардар јуниор – Радовиш
13 коло: Работнички - Вардар јуниор
14 коло: Вардар јуниор – Охрид
15 коло: Борец – Вардар јуниор
16 коло: Вардар јуниор – Победник од бараж
17 коло: Вардар јуниор – Работник
18 коло: Пелистер - Вардар јуниор

Машката екипа на РК Вардар 2 под водство на Зоран Петковски својата “одисеја“ во првата ракометна лига ќе ја стартува со дуел против екипата на Струга, на теренот на противникот. Доста подмладени со играчи, кои минатата сезона настапуваа во младинските категории на ракометниот клуб Вардар, ќе се обидат да ја повторат сезоната на своите колеги и да забележат што поголем број на победи.