Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Мора уште доста да работиме, бидејќи не смееме вака да ги завршуваме натпреварите

Гонзалес: Мора уште доста да работиме, бидејќи не смееме вака да ги завршуваме натпреварите

Нашиот ракометен шампион со нерешен резултат во дуелот со Брест Мешков ја започна новата сезона во сеха-лигата. Во најголем дел од мечот противникот имаше водство кое се движеше од 1-3 голови разлика. Сепак Вардарци во псоелдните десет минути беа подбра екипа на теренот. Не само што го израмнивме резултатот, туку и успеавме во последните минути од мечот да стигнеме до највиско три голови разлика. Кога се чинеше дека ќе имаме лесна завршница, Брест најпрво го израмни резултатот. Циндриќ на 10 секунди пред крајот погоди за 34:33, но поради црвен картон на Стоилов и новите правила на ЕХФ, Белорусите изведоа удар од седум метри, кој успешно го реализираше Стојковиќ. Натпреварот заврши со нерешен резултат 34:34. После мечот на прес-конференцијата пред медиумите се обратија тренерот Гонзалес и Лука Циндриќ

-Сакам да му честитам на гостинскиот клуб за добрата игра. Прво полувреме го игравме во грч. Кога игравме добро и нам ни беше лесно. На полувреме имавме 3 гола негатива. Пробавме потоа и и со 5-1 одбрана. Дадовме се од себе. Мора уште доста да работиме зашто не смееме вака да ги завршуваме натпреварите, рече Гонзалес.

Лука Циндриќ го заврши натпреварот со 5 постигнати голови и беше трет најдобар стрелец во редовите на Вардар.

-Ова беше тежок натпревар. Целата екипа имаше само еден заеднички тренинг. Не треба тоа да биде оправдување. Не игравме како што се договоривме. Имаме доста работи да поправиме за во иднина. Не очекува напорна работа. Очекувавме победа. Но, мора да одиме натаму и да размислуваме за следните натпревари што ни доаѓаат, изјави Лука Циндриќ