Сите Вардарови категории кои се натпреваруваат во домашното првенство забележаа победи во рамките на третото коло. Противник ни беше ривалот Пелистер, против кој забележавме максимални четири победи.
-Најубедлива победа забележаа најмладите момчиња, помладите пионери му нанесоа висок пораз на тимот од Битола со резултат 7:0. Можеби беа фаворит и се очекуваше победа, но пријатно изненади високиот триумф на оваа генерација која прва сезона игра во првенството. Стрелци на головите беа Ибрахим Ариф (4), Давид Астарџиев, Марио Илиевски и Давид Ристовски. По три одигрни кола, помладите пионери на Вардар имаат 7 бодови.
-Пионерите ја забележаа третата последователна победа и со максимални 9 бодови се наоѓаат на првото место на табелата. Пречка за триумф, не беше ниту Битолски Пелистер, против кој забележаа победа со резултат 4:0. Елвир Рамиќ, Јакуп Бериша, Марко Ѓоргиевски и Марио Спасиќ погодија за нови три бода. Оваа генерација има успешен старт на новата сезона.
- Кадетите ја продолжија серијата на победи на Вардаровите категории и на гостувањата во Битола. Еден гол го реши дербито на овој меч, кој заврши во мрежата на противникот. Никола Серафимов го постигна својот првенец оваа сезона во црвено-црниот дрес и го реши дербито. Исто како пионерите и кадетите имаат максимални 9 бодови на стартот од сезоната.
-Младинците ја затворија победничката серија во дуелите со вечниот ривал. Рутинирано стигнаа до триумфот, со резултат 0:2, иако имаа и уште неколку шанси за постигнување гол. Ердон Даци и Кристијан Апостоловски успешно стрелаа за Вардар на овој меч. Младинците имаат за сега 7 освоени бодови.