Во среда во рамки на третиот дуел во СЕХА лигата за црвено – црните во Скопје во нашиот С.Ц Јане Сандански гостува хрватскиот преставник во регионалното натпреварување тимот на Нексе.
Вардарци во третиот меч ќе атакуваат на третата победа . Во првите два дуела лесно ги совладаа тимовите на Војводина и Макс Струмица со вкупна позитива од 19 голови во двата дуела. Мечот со Нексе е закажан за среда 9-ти септември со почеток во 20 часот и 15 минути . Вардар веќе во сабота го игра четвртиот дуел во регионалната лига во гости кај тимот на Веселин Вујовиќ вториот хрватски преставник во СЕХА -ППД Загреб. Мечот во Загреб е последен тест пред првиот предизвик во шампионската лига закажан на 20-ти септември во Франција кај Монпелје. Овој меч почнува во 17-00 часот и од истиот ќе може да се проследи директен пренос на МТВ-1 телевизија на која во наредните години ќе може да ги следиме мечевите на Вардар во најквалитетното европско ракометно машко натпреварување.