Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Тренерот на ЖРК Вардар-2 Симе Симовски назначен за селектор на сениорската женска репрезенација
Тренерот на ЖРК Вардар-2 Симе Симовски назначен за селектор на сениорската женска репрезенација

Тренерот на ЖРК Вардар-2 Симе Симовски назначен за селектор на сениорската женска репрезенација

Пристигна признанието за квалитетната работа во Жрк Вардар јуниор и во младинската селекција на ракометниот стручњак Симе Симовски . Тој денес како што известуваат од ракометната федерација на земјава е назначен за селектор на најдобарот сениорски  македонски состав.

Симовски како в.д Селектор на младите девојки годинава покажа квалитет и изненадувачки успеа да ја однесе македонската младинска  селекција на Европското првенство во Валенсија. Тој ја презема сениорската репрезенација на само месец пред почетокот на квалификациите за Европското Првенство во 2016 година . На 7 октомври почнуваат калификациите за европското првенство во  2016 година. Прв предизвик за  Македонија во овој квалификациски циклус е дуелот  против Црна Гора   на гостински терен. Покрај Македонија во  група се уште и женските селекции на Хрватска и Словенија што покажува дека исклучително тежок предизвик следи за Симовски како “кормилар“ на црвено – жолтите девојки .