Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Четири победи во два дена за генерација “2007“ во детската лига
Четири победи во два дена за генерација “2007“ во детската лига

Четири победи во два дена за генерација “2007“ во детската лига

Четири победи за само два дена за Вардаровата генерација “2007“ на фудбалскиот клуб Вардар. Во текот на вчерашниот ден на терените на ФК Работнички се одигра второто пролетно коло во детската лига. Двете екипи предводени од Зоран Петковски освоија нови бодови.

Екипата на Вардар (1) се сретна со тимот на Форца која ја совлада со резултат 6:0. Уште еден одличен меч за оваа екипа која домираше во текот на целиот натпревар. Тројца играчи постигнаа по два гола. Александар Грашески, Стефан Младеновски и Емир Саботиќ донесоа нов триумф за црвено-црните кои остануваат со маскимален број на освоени бодови во детската лига.

Вардар (2) со службен резултат го доби натпреварот против Њу Старс, откако противникот не дојде на денешниот меч.