Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дејвис: Се уште сме на првото место и не е страшно што загубивме -Мавсар: Треба да го анализираме поразот и да продолжиме со работа
Дејвис: Се уште сме на првото место и не е страшно што загубивме -Мавсар: Треба да го анализираме поразот и да продолжиме со работа

Дејвис: Се уште сме на првото место и не е страшно што загубивме -Мавсар: Треба да го анализираме поразот и да продолжиме со работа

Екипата на ЖРК Вардар го доживеа првиот пораз во лигата на шампионите. По осум последователни победи во ЛШ, Будуќност се попречи на патот на Вардарки кон нов триумф. Шампионот на Црна Гора во еден интересен натпревар успеа на крајот да слави со резултат 28:31. Резултатот останува во сенка, по веста дека Андреа Кликовац го загуби својот татко. На прес-конференцијата по завршување на натпреварот Давид Дејвис го изјави следново:

-Денот почна тешко за нас, бидејќи почина татко и на Андреа Кликовац, и мислам дека моите играчи се обидоа да играат најдобро што можат. Но, уште по првиот напад се виде дека денеска тоа нема да биде доволно. Кога играш против тим како Будуќност треба да се биде 100 отсто фокусиран. Цел ден ни беше тешко. Загубивме, иако можевме и повеќе да направиме. Им честитам на моите играчи и на Будуќност. Во вторник почнуваме подготовки за дуелот со Мец. Не е страшно што загубивме, сѐ уште сме на прво место, и имаме уште шанси за победа, и да бидеме прво, со две победи. Не е важно со кого ќе играме, важно е ние да играме добро.

Од играчите, Мавсар изјави дека сакале да победат за Кликовац, но сепак на крајот Будуќност се покажа како подобра екипа.

-Сите сакавме овој меч да го посветиме на Кликовац. Не успеавме да победиме. Ова е прв пораз, и треба да се анализира и да продолжиме со добрите работи. Важно е да се победи Мец за задржување на првото место во групата