Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар го доживеа првиот пораз сезонава во Л.Ш, Будуќност се одмазди
Вардар го доживеа првиот пораз сезонава во Л.Ш, Будуќност се одмазди

Вардар го доживеа првиот пораз сезонава во Л.Ш, Будуќност се одмазди

Вечерва во нашиот дом “Јане Сандански“ девојките од Вардар го пречекаа тимот на Будуќност во меч од ЕХФ Лигата на шампионите. Во овој интересен дуел кој е балканско и европско дерби гостите кој беа помотивирани дојдоа до победа со, 28-31.

9999

Мечот први со гол го отворија нашите противнички, ние веќе во следната акција изедначивме на 1-1. Во петтата минута дојдовме до првото водство поведовме со 3-2 со голот на Лакрабер. Веднаш потоа свое шоу имаше Лејно која ја дигна публиката на нозе.  Со серија 1-5 црногорките го преземаа водството и поведоа со 4-7 во 11 минута од мечот. По ова нашиот тренер Камара се одлучи на напаѓа без голман со играч плус во поле за да ја стигне предноста на Будуќност. Во 15 минута влеговме со негатива од два гола на семафорот 5-7, на нашиот гол Лејно блескаше.  Во 18 минута изедначивме на 8-8 со голот на Лакрабер, која ја искористи шансата откако Суслина влезе во игра и одбрани пенал.  Сепак следеше серија на гостинките со два гола се одлепија на 8-10 во 20 минута од овој натпревар. Ние враќаме со иста мерка па изедначивме на 10-10 по само две минути благодарение на одличната “Зузу“ на голот и Лакрабер која го постигна својот 4 гол. Гостите од Црна Гора повторно имаат свои минути во продолжение па успеваат да поведат со 12-15 во 28 минута правејќи серија 2-5 се одлепија на “три плус“.  Нашите девојки прават серија 3-1 и намалуваат на 15-16 преку Херем во 29 минута од мечот.  По одлично одиграна одбрана во контра Лекиќ изедначува на 16-16 на 24 секунди до крјаот на мечот. На полувреме отидовме со 16-17 откако гостите добија и погодија пенал во последните секунди од првите 30 минути.

999

Вториот период гостинките го отворија први со гол и поведоа 17-19 на почетокот, а ние преку Радичевиќ враќаме за 18-19. На голот во вториот дел влезе Песоа која одлично одбрани, тоа го наградивме со изедначување на 19-19 со погодок од пенал. Повторно следуваше пад во нашата игра тоа го искористија гостинките и направија серија од 0-3 со која поведоа 19-22, нашата клупа веднаш реагираше и побара минута одмор заради консултации. Во следните минути се играше гол за гол двата тима постигнаа по два гола и во 12 минута влеговме со резултат 21-24. Суслина влезе во игра одбрани одлично ние тоа го искористивме и намеливме на 23-24 во 13 минута од вториот дел. Будуќност доби неоправдано пенал Суслина повторно одбрани салата се дигна на нозе, а Лазовиќ Барбара изедначи на 24-24. И како по некое првило по секое изедначување влегуваме во серија грешки и гостинките поведуваат со 24-27. Нашиот брод продолжи да тоне на 5 минути до крајот побаравме тајм-аут на резултат 25-30 за гостинките.  Успеваме да намалиме на 27-30 и последните три минути да ги направиме интересни.  Сепак немавме сила и бевме поразени со 28-31.

99

Кај нас стрелец  број еден вечерва беше Андреја Пенезиќ со шест постигнати гола.