Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Продолжува “надмоќната игра“ на генерација “2004“, две нови убедливи победи во детската лига
Продолжува “надмоќната игра“ на генерација “2004“, две нови убедливи победи во детската лига

Продолжува “надмоќната игра“ на генерација “2004“, две нови убедливи победи во детската лига

Вардаровата генерација “2004“ продолжува со убедливите победи во рамките на детската лига. Денес двете екипи на Ане Андовски беа сигурни на своите мечеви и освоија нови бодови во детската лига.

17021629_1260656127314564_4290514712043265047_n

ФК Вардар (2) за противник ја имаше екипата на Кул Здравје 2 која ја совлада убедливо со резултат 15:1. Голеадата на овој натпревар ја отвори Давид Љушев за водство од 1:0. Се што успеа да стори противникот на овој натпревар е да го израмни резултатот на 1:1, што беше и нивни единствен гол на натпреварот. Набргу потоа ја вративме предноста на 2:1, откако Кул Здравје направи три корни што беше знак за судијата да покаже на белата точка. Сигурен реализатор кој друг ако не Георг Стојановски за водство од 2:1. Од истово место погоди и Исмет Хајдари за предност од 4:1. До крајот на првиот дел уште два погодоци за Вардарци, дело на Горазд Попов (5:1) и Марио Ричков за 6:1.

16997669_1260655967314580_223827489669508406_n 16997751_1260655907314586_6962349303667231562_n

Второто полувреме со гол го отвори Георг Стојановски кој успешно стрела за предност од 7:1 од пенал. Доминацијата на Вардар продолжи и во овој дел од натпреварот, а прв гол постигна и Марио Сурлов за водство од 8:1. Мора да се напомене дека денес одличен меч одигра и Марио Ричков кој постигна убави голови. Токму со неговиот погодок со силен удар од далечина поведуваме со 9:1. Георг стигнува до хет-трик за предност од 10:1. Голеадата ја продолжува Марио Ричков за веќе двоцифрена предност од 11:1. Следните минути му припѓаат на одличниот Горазд Попов кој со три голови во серија му носи убедливо водство на Вардар од 14:1. До крајот на нтпреварот уште на два пати ја тресевме мрежата на противникот, со головите на Марио Ричков за конечни 16:1.

Победа и за Вардар (1) кој за противник го имаше тимот на Фортуна. На овој натпревар победивме со резултат 9:2. Одлична партија за новото засилување Гуџуфи кој дојде од екипата на Албарса. Токму со неговиот гол ја отвараме серијата и поведуваме со 1:0. Истиов играч со одлична акција и удар зголемува на 2:0. Вардар беше постојано во офанзива и создаваше шанси за зголемување на резултатот. Прва прилика имаше и Фортуна, но одлично брани Васко Василев. Се обиде набрзина Софијаноски да постигне гол, но без реализација. Сепак Матео Софијаноски со својот прв гол на натпреварот носи водство од 3:0. Успева Фортуна до крајот на првиот дел да намали на 3:1, со гол од пенал откако Вардар направи три корни.

На стартот на вториот дел хет-трик за Гуџуфи кој зголемува на 4:1. Уште еднаш екипата на Фортуна постигна гол и намали на 4:2. До крајот на натпреварот постигнавме пет голови за убедлива победа. Прво со голот на Матео Софијаноски зголемуваме на 5:2, додека следните погодоци се дело на Гуџуфи и Каровски и тоа по два гола зад нивното име. Тоа беше вкупно петти гол за новото засилување Гуџуфи за конечен резултат од 9:2.

Нови одлични игри за нашите млади надежи, кои остануваат со максималн број на освоени бодови во детската лига.