Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Четири победи за младинските екипи на ФК Вардар во дуелите со Шкипи. пом.пионери се први кои се промовираа во шампиони
Четири победи за младинските екипи на ФК Вардар во дуелите со Шкипи. пом.пионери се први кои се промовираа во шампиони

Четири победи за младинските екипи на ФК Вардар во дуелите со Шкипи. пом.пионери се први кои се промовираа во шампиони

Четири победи од исто толку одиграни натпревари за младинските екипи на ФК Вардар, во рамките на 24 коло и дуелите против екипите на Шкупи. Една генерација на Вардар веќе се промовира во шампион на Македонија, тоа се помладите пионери предводени од Филип Деспотовски, кои имаат недостижни десет бодови повеќе од екипата на Победа.

Помладите пионери како што напоменавме се Шампиони на Македонија во својата дебитантска сезона во помладата пионерска Супер Лига. На три кола пред крајот црвено-црните веќе ја осигураа титулата, со оглед дека имаат десет бодови повеќе од прилепска Победа. Трет пат сезонава успеавме да излеземе како победник во дуелите со екипата на Шкупи од Чаир. Иако противникот повторно даде отпор, истиот не беше доволен за на крајот да се избегне пораз. Вардарци беа решени уште во ова коло да стават крај на дилемите околу освојување на првото место. Избраниците на Филип Деспотовски одиграа одлична сезона, а посебно во пролетниот дел во кој имаа само еден нерешен резултат, и тоа во минатото коло на гостувањето кај екипата на Работнички. Веќе нема теоретски шанси за Победа која во ова коло доживеа пораз на гостувањето кај екипата на Брегалница и тоа со пресврт, откако штипјани после негативата од еден гол се вратија и триумфираа со резултат 2:1.Помладите пионери стигнаа до својата 18.победа и на тој начин ја потврдија шампионската титула. За оваа надежна генерација на Вардар останува борбата за трофејот и во националниот куп, каде во големото финале ќе се сретнат со екипата на Академија Пандев. Се надеваме дека добрата сезона ќе ја крунисаме со освојување на двојната круна.

Пионерите во вистинско време се вратија на победите и во второто полувреме го скршија отпорот на Шкупи и славеа со резултат 2:0. На тој начин избраниците на Игор Кралевски се вратија на првото место на табелата, со еден бод повеќе од екипата на Академија Пандев, која останува наш единствен конкурент за трофејот во пионерската Супер Лига. Ќе жалиме сигурно за поразот од пред две кола, кога на домашен терен бевме поразени од екипата на Ренова, да ги освоивме тие три бодови сега вардаровите пионери ќе беа во многу подобра ситуација, но како се вели, јунаците се познаваат кога е најтешко. Во ова коло се одигра и дербито помеѓу Шкендија и Работнички, на кое славеа тетовчани и на тој начин ги откажаа романтичарите во борбата за трофејот.

Кадетите на Вардар стигнаа до 8.првенствена победа оваа сезона, совладувајќи ја на гостински терен екипата на Шкупи, со резултат 1:3. Станува интересна борбата за првото место и во рамките на кадетската Супер Лига, каде екипите на Македонија Ѓ.П и Шкендија имаат еднаков број на освоени бодови. Во ова коло, Шкендија беше поразена на гостувањето кај Работнички, додека екипата на Македонија Ѓ.П славеше во дуелот со Акад.Пандев. Се поизвесно е дека Вардар ќе заврши на 6.позиција.

До нова вкупно 21.победа сезонава стигнаа и младинците на ФК Вардар, кои со голот на Наумчески на три минути пред крајот ја совладаа екипата на Шкупи. Уште една победа и е потребна на Шкендија за да ја потврди шампионската титула, со оглед дека осум бодови повеќе од Вардар, на три кола пред крајот на сезоната.

Во следното 25.коло, пионерските екипи ќе гостуваат на екипата на Македонија Ѓ.П, додека кадетите и младинците се домаќини на истиов противник.