Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Шампионки на срцата!!! ЖРК Вардар го освои “среброто“ во Купот и срцата на вардаровата и спортската јавност
Шампионки на срцата!!! ЖРК Вардар го освои “среброто“ во Купот и срцата на вардаровата и спортската јавност

Шампионки на срцата!!! ЖРК Вардар го освои “среброто“ во Купот и срцата на вардаровата и спортската јавност

Тие дојдоа до “сребро“ на завршницата од сениорскиот Куп на Република Македонија, сепак најмладиот тим на овој турнир и воопшто во лигата ги освои симпатиите, почитта и “срцата“ на сите нас. ЖРК Вардар тим составен од девојки кои всушност се кадетки по возраст оваа сезона доби прилика, но и “задача“ да го наследи европскиот Вардар од лани. Тешко бреме падна на нивните млади плеќи, тоа требаше да се издржи долга Супер лига, младинска лига, и Куп на Македонија, а дојдоа и повреди на самиот почеток скратување на ростерот. Многумина не им предвидуваа никаква улога во женскиот ракомет во земјава, мислеа дека се тука само да учествуваат, но нивните храбри срца покажаа дека пулсираат во шампионски ритам. Демантираа се што за нив се очекуваше, тие поставија високи стандарди кои тешко кој може да ги собори на таа возраст.

f8

По одличниот старт на Супер лигата,  и пласманот онаму каде што никој не ги гледаше во Плеј-офот дојде на ред и Купот во женска сениорска конкуренција. Во 1/4-финалниот двобој во голем стил со две победи обезбедија пласман на завршницата помеѓу четирите најдобри. Дојде и полуфиналето, покажаа зрелост газеа уште во првиот дел и натмено, умно, со квалитет тимски дух обезбедија финале. Да, финале за најмладиот состав на Ф-4, тие обезбедија дуел за Пехар, нешто што за повозрасни и поискусни екипи како Металург, Пелистер и.т.н остана мисловна именка оваа сезона.

f7

Дојдоа 60.минути, за кои овие девојки живееа цела сезона, 60.минути битка и тоа не против било кој против домаќинот на турнирот, Куманово. Противникот играше на домашен терен, пред голем број на бучни поддржувачи, зад себе имаше Суперлигашко, Куп и меѓународно  искуство. Нашите дами играа првпат голем дуел, пртходно беа  само  пионерки и кадетки, а годинава излегоа на мегдан во сениорско финале. Големината на црвено-црните дами се покажа веднаш. Недозволија да бидат однесени од виорот во салата, имаа негативи, но се враќаа, паѓаа, но стануваа и продолжуваа да се борат, како прави Спартанки. Секоја топка за нив беше нова битка, секој примен гол го корегираа, секоја шанса за погодок ја користеа како предатор кога ќе насети “мирис на крв“. Беше гордост да се гледа нивниот зрел перформанс во Куманово, тие покажуваа од минута во минута дека името испишано на логото на левата страна од дресот “Вардар“ заслужено   го носат. Играа на теренот како да имаат најмалку  полудецениско искуство во сениорска лига, кумановки не можеа да се одлепат во ниеден момент, кога и да отидоа на сериозни неколку гола предност веднаш следуваше контра-мерка од вардарки. Веднаш во одбраната ќе се дигневме на ниво, рамо до рамо, девојка до девојка ќе се одбраневме или нашиот голман ќе дадеше прилика, нападот потоа намалуваше. Креативни беа решенијата во офанзива, немаше против игра за вака интелигентни ракометни напади како на вардарки. Црвено-црните спартанки како да раснеа ракометно од минута во минута, по почетната негатива тие се вратија во игра, постојано одржувајќи активен резултат.

f4

Сите линии фунционираа како што треба, без разлика на налетите на физички посилните, мотивирани  и повозрасни ривалки. На голот започна Илиќ со интервенции, потоа влезе Грујовска која имаше шоу, кој никој во салата не го остави рамнодушен бранејќи 17 удари, фрлајќи ги во очај ривалките, враќајќи не безброј пати во игра кога се беше решено. Одбраната безкруполузана, пикерите Џатевска и Дамјановска на ниво типично за нив, тука беше специјалистот за одбрана Гроздановска. Николиќ непремослива како во дефанзива така и во офанзива. Крилата: Трпевска, Миновска, Ѓорѓиевска и Петковска даваа полетност на тимот.  На среден бек капитенот Диневска незадржлива, своја улога имаше на среден бек и Седловска, Костовиќ која газеше во полуфиналето даваше нов имплус на тимот и во финалето.   Двете девојки со исто име Ана Марија, Божиновска и Коларовска вградија дел од себе во оваа финална битка. Немаше девојка која не остави срце на терен, со тоа освојувајќи ги срцата на гледалиштето и јавноста.

f3

Се биеше битка за секоја топка, се враќавме постојано недавајќи да бидеме во подредена улога. Нашите девојки од минута во минута ја освојуваа јавноста, така млади, така зрело играа, противникот беше моќен ама они го танцуваа својот “црвено-црн“ танц. На клупата полн состав, селекторот и главен тренер Симовски Симе минал многу битки, ама ретко кога вака со млади девојки практично деца дошол вака блиску до трофеј. Неговите тактики и совети вродуваа со плод, тој доста многу енергија и стручност вложи оваа сезона во нивниот напредок. “Подарокот“ за неговиот труд беше убавината пред неговите очи да гледа една ваква партија на неговите “пуленки“. На клупата беше и Драгана Ристова, на оваа екипа е всушност она им е “ракометна мајка“, таа ја изврши селекцијата во пионерски состав на поголем број од девојките кои денес се сениорки. Иако на трудничко боледување Ристова беше тука, со нив, во оваа најважна битка, ги советуваше им даваше позитивна енергија покрај аут-линијата. Гледаше како оние деца кои пред само неколку години ги водеше првпат во пионерска лига, сега се на гол до пехар како сениорки. Треттиот член, и еднаков важен во стручниот штаб, Александар Царчев исто така даваше позитивен имплус од клупата, со секогаш препознатливиот за него бескраен оптимизам кој “заразно“ го шири на девојките. Неговите голманки беа одлични, особено Грујовска која по крајот на мечот доби и награда “Најдобар голман на сениорски Ф-4 Куп турнир“, таа бранеше во транс, фаќаше од секоја позиција.

f9

Дојдовме до финишот, во последната минута се одбрануваме, резултатот на семафорот е 23-22, топка за црвено-црните, “стариот лисец“ Симовски веднаш бара тајм-аут. Да, вардарки се на чекор до сензација погодок и одиме во нова драма, мечот завршува реми. Дуелот кој многумина го предвидоа како лесна победа на домаќинот, сега е меч на драма, без воздух се речиси сите во салата… Тргаме од центарот, што се не им се мотало низ главата на домаќинките при овој напад, за жал поради неискуство или можеби немање спортска среќа не го реализираме истиот. Завршуваме како “сребрени“ во Купот на Македонија каде земаа учество оваа сезона сите 10.екипи, па тоа несомнено едноставно е успех. Медиумите, публиката во салата и сите по мечот констатираат, вардарки ги освоиа срцата, тие покажаа храброст. За нив среброто е со златен сјај, имаат по 15 или 16 години поголем дел од нив, а веќе се сребрени, веќе “вкусија“ финале сениорско. Медалите се на нивните гради, заслужени со пот у труд.

f2

Повеќе од јасно е дека сите честитки идат за црвено-црниот табор по оваа завршница, ПОЛОЖЕН Е УСПЕШНО, тестот на “зрелоста“ сите велат доколку овој тим продолжи да работи со овој ростер и стручен штаб, наредните години во женскиот ракомет се нивни. Другите тимови го имаат допрано својот лимит, возрасен и ракометен, кај нив напредокот ќе биде минимален или ќе дојде до стагнација. Ние ќе раснеме, ќе газиме, веќе вака млади сме им закана, во лигата нема тим кој не потклека пред нас барем во еден дуел, тоа покажува дека ние можеме против сите, ама сите неможат против црвено-црното срце.

f1

Вардар фанс во поголем дел од сезоната ги поддржуваше и следеше девојките, од меч во меч често и ги пофалуваше кога јавноста беше скептична дека тоа е почетен успех или само комплимент бидејќи се вардарова екипа. На Купот, се виде спротивното, сите медиуми почна да пишуваат со респект за нашот тим, пофалби и комплименти стигаа од секаде, се покажа дека она што сме го тврделе е точно, ова е тим со огромен потенцијал, ова е колектив кој е база за македонскиот женски ракомет, ова е тим на хероини. Не не броеа за Ф-4,а игравме во финале, своивме сребро, а бевме најмлади, земавме награда за најдобар голман, а Грујовска има само 15.години.  Затоа они се “шампионки на срцата“ на цела македонска и вардарова јавност по овој викенд во Куманово, кој се случи во вистински момент за да јавноста види со каков ракометен, професионал и човечки потенцијал располага ЖРК ВАРДАР.