Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Во вторник и среда, младинските екипи на ФК Вардар ќе го одиграат своето 25.првенствено коло
Во вторник и среда, младинските екипи на ФК Вардар ќе го одиграат своето 25.првенствено коло

Во вторник и среда, младинските екипи на ФК Вардар ќе го одиграат своето 25.првенствено коло

Во вторник и среда, своите натпревари од 25.коло ќе ги одиграат младинските екипи на ФК Вардар, кои за противник ќе ја имаат екипата на Македонија Ѓ.П. Пионерските екипи во среда гостуваат во Ѓорче, додека кадетите и младинците во вторник, на теренот во Аеродром се домаќини на Македонија Ѓ.П. Мечевите се играат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Во помладата пионерска лига се е решено околу прашањето за новиот шампион на Македонија, а тоа е екипата на Вардар која има десет бодови повеќе од прилепска Победа. Последните три кола од сезоната тренерот Деспотовски ќе ги искористи да им даде поголема минутажа на играчите кои не играа толку често на претходните натпревари, односно кои имаа помала минутажа. Со оглед дека се е решено, сигурно дека силите ќе се чуваат за големото финале во купот, во кое Вардар ќе се судри со екипата на Македонија Ѓ.П. Без разлика што веќе сме шампиони и без оглед со кој состав ќе излезе на овој дуел, црвено-црните се фаворити за освојување на бодовите против екипата на Македонија Ѓ.П, над која имаме две победи оваа сезона и тоа убедливи, со резултат 0:3 и 5:0.

Пионерите водат голема борба за титулата со екипата на Академија Пандев, од која имаат само еден бод повеќе. Интересно е тоа дека немаме позитивен биланс оваа сезона, во дуелите со последнопласираниот тим на Македонија Ѓ.П. На стартот од сезоната на истиот терен каде во среда ќе се одигра мечот, одигравме со нерешен резултат 1:1, додека на домашен терен бевме изненадувачки поразени (4:5). Време е за прв триумф сезонава во дуелите со овој противник, за задржување на лидерската позиција. Во ова коло, Академија Пандев гостува во Прилеп, кај екипата на Победа, која се надеваме дека ќе ги „замрси“ сметките на струмичани.

Резултатско значење нема овој меч за кадетите, кои најверојатно сезоната ќе ја завршат на шесттата позиција, што не е случај со Македонија Ѓ.П кој се бори за титулата. Шкендија и Македонија Ѓ.П во последните три кола од сезоната влегуваат со еднаков број на освоени бодови, па сигурно дека ќе има голема битка за трофејот. По една победа оваа сезона имаат кадетите на Вардар и Македонија Ѓ.П, во нивните меѓусебни дуели.

Младинците ќе се обидат да стигнат до нов триумф во младинската Супер лига и да стигнат до 22 победа сезонава. Во ова коло можеме да го добиеме и шампионот во лигата, а Шкендија е блиску со оглед дека им е потребна уште една победа за и теоретски да го потврдат трофејот.