Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > Slider > (ВИДЕО) Добредојде Вардар во Келн
(ВИДЕО) Добредојде Вардар во Келн

(ВИДЕО) Добредојде Вардар во Келн

Екипата на Вардар и трет последователен пат успеа да обезбеди учество на завршниот турнир во Келн. Иако влегоа во новата сезона со преполовен состав, црвено-црните повторно покажаа јуначко срце и карактер на победници. Беа дел од најсилната група А, во која го освоија 3.место на табелата, зад екипите на Барселона и Веспрем. Токму сите четири екипи на Ф4 турнирот во Келн доаѓаат од нашата група, што говори за квалитетот на противниците со кои се надигрувавме.

Вардар во осминафиналето експресно го елиминираше тимот на ППД Загреб, додека во четвртфиналето бевме подобри од екипата на Пик Сегед. Ждрепката сакаше да се повтори 2017 година, кога за противник во полуфиналето ја добивме екипата на Барселона.

ЕХФ направи прилог за Вардар и нивниот пат до пласман на завршниот турнир во Келн. Погледнете го видеото на линкот, ТУКА.