Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар во среда го пречекува ЖКК Работнички, полуфиналната серија ја започнуваме со водство од 1-0
Вардар во среда го пречекува ЖКК Работнички, полуфиналната серија ја започнуваме со водство од 1-0

Вардар во среда го пречекува ЖКК Работнички, полуфиналната серија ја започнуваме со водство од 1-0

По дваесет одиграни кола дамите во сениорска конкуренција ги одлучија четирите патници во плејоф разигрувањето за тековната натпреварувачка сезона. Вардар е лидер по овој дел од сезоната, следна фаза е полфиналето во плеј-оф сегментот каде на мегдан ќе се соочиме со ЖКК Работнички.

Вардарки во регуларниот дел имаа две победи над црвено-белите па оваа полуфинална серија ќе ја започнат со голема предност од 1-0, бидејќи во истата се игра до две добиени. Со победа во првата средба ние веќе ќе обезбедиме финална серија каде што со голема веројатност ќе се соочиме со главниот ривал во лигата, актуелниот повеќе кратен првак Бадел 1862. Како лидери на табелата ќе ја имаме предноста на домашен терен во евентуалната финална серија со Бадел, финалната серија ќе се игра во подобар од пет натпревара односно кој прв ќе запише три победи.

Напреварот со Работнички се игра во среда, на 15.мај и на истиот ние сме домаќини.