Викендов се одиграа натпреварите во рамките на 6 коло на првенството кај младинските категории. Сите генерации на Вардар излегоа како поуспешни во дуелите, против своите врсници од тимот на Шкупи.
Помладите пионери се вистински хит во својата прва првенствена сезона. Во еден тежок и пред се некоректен натпревар од страна на домаќинот, успеаа сепак на крај да ги освојат трите бодови на гостувањето во Чаир. Единствениот стрелец на овој меч беше Ибрахим Ариф. Оваа генерација има остварено 5 победи и 1 нерешен дуел.
-Пионерите им се вратија на победите во лигата и тоа на тешкото гостување во Чаир. Идентично како и помладите, така и пионерите славеаа со минимален резултат од 0:1. Марко Ѓоргиевски погоди за три бода од овој меч. Пионерите го впишаа петтиот триумф во новата сезона.
-Кадетите иако имаа негатива на почетокот на натпреварот, сепак успеаа да направат комплетен пресврт и да го победат Шкупи, со резултат 3:1. На полувреме исто така имавме предност од 2:1. Стрелци на головите за Вардар беа: Дејан Маркоски, Александар Трајчевски и Дамјан Петревски. Ова е вкупно 5-та победа за оваа генерација во првенствено, каде има само 1 неуспех.
Младинците само го заокружија победничкиот викенд, во дуелите со овој противник. Тие немаа некои поголеми проблеми за да ја остварат четвртата победа во лигата. Конечниот резултат гласеше 3:0. Ердон Даци, Виктор Димков и Јасир Беќири ја затресоа мрежата на гостинот од Чаир.