Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Се комплетираше второто коло, Вардар и Рајн-Некар на врвот на табелата
Се комплетираше второто коло, Вардар и Рајн-Некар на врвот на табелата

Се комплетираше второто коло, Вардар и Рајн-Некар на врвот на табелата

Се комплетираше и второто коло во групата Б на лигата на шампионите, каде настапува нашиот Вардар. Познато е дека нашиот шампион ја оствари и втората победа во групата, а прва пред домашната публика. Совладана беше екипата на Пик Сегед со резултат 27:23. Заедно со Рајн-Некар имаме максимални четири бодови на табелата.

Германскиот вицепрвак на гостувањето во Данска, полесно од очекувањата го совлада тимот на Киф Колдинг. Најверојатно Данците ќе бидат најслабиот тим, кој се натпреварува во оваа силна група. Најефикасен на овој меч беше Швајцарецот, Андре Шмид кој постигна шест голови. Европскиот првак, екипата на Барселона доста се намачи за да ја забележи својата прва победа во новата сезона. На свој терен во еден израмнет натпревар, многу потешко од очекуваното триумфираа против Кристијанштад, со резултат 34:32. Кирил Лазаров беше втор најефикасен стрелц во редовите на Шпанскиот првак, постигнувајќи 5 голови. На спротивната страна одличен меч на голот забележа Небојша Симиќ, кој е син на тренерот на голманите во Рк Вардар.

Киелце исто така се израдува на првиот триумф во новата ракометна сезона на ЛШ. Пред својата публика, дури во второто полувреме го скршија отпорот на Монплеје, совладувајќи ги со резултат 30:23. По првото полувреме имаа само еден гол позитива 12:11. Полскиот репрезентативец Билецки беше прв стрелец со вкупно 7 голови.

Во оваа група, првите две места се за Вардар и Рајн-Некар кој имаат вкупно 4 бодови. Во следното трето коло, нашиот тим гостува во Шведска, на екипата на Кристијаншад. Ова е одлична шанса со победа и максимален ефект да го пречекаме бундес-лигашот Рајн-Некар, во С.Ц. Јане Сандански.