Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Четири убедливи победи за генерациите на Фк Вардар, во дуелите со Победа
Четири убедливи победи за генерациите на Фк Вардар, во дуелите со Победа

Четири убедливи победи за генерациите на Фк Вардар, во дуелите со Победа

Викендов се одигра второто коло во првенството на младинските фудбалски категории. Црвено-црните за противник ја имаа екипата на Победа од Прилеп. На сите четири дуели забележаа убедливи победи.

-Помладите пионери се вистински хит во својата дебитантска сезона во домашните натпреварувња. Оваа генерација одлично ја започна сезоната и има освоено 4 бода. Најпрво ремизираа со градскио ривал Работнички (1:1). Во неделата беа убедливи во Прилеп, со резултат 0:5. За Вардар стрелаа Мартин Спировски(2), Ибрахим Ариф, Марио Илиевски и Самир Хасиќ.

-Одличен почеток на новата сезона и за пионерите, кои имаа максимални 6 бодови по првите две кола. Без никаква шанса за изненадување не му дадоа на противникот од Прилеп. Рутинирано со 0:4 ја прегазија Победа на свој терен. Хет трик постигна Јакуп Бериша , еден гол дело на Александар Ѓоргиески.

-Кадетите ја продолжија одличната игра и во второто коло. После победата против Работнички на гостински терен, нови три бода се освоени во дуелот со Победа. Конечниот резултат беше 3.1. Тројца различни играчи погодија за Вардар: Јакуп Бериша, Дамјан Петревски и Дејан Маркоски.

-Младинците го забележаа првиот триумф во новата сезона и имаат 4 освоени бода по првите два одиграни натпревари. Ердон Даци, Виктор Димков и Јасир Беќири ја донесоа победата од 3:0 за Вардар на овој дуел.