Saturday ,12 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Ѓоргиевски, Маркоски, Димков и Петковски ја одбележаа сезоната во младинските категории на Фк Вардар

Ѓоргиевски, Маркоски, Димков и Петковски ја одбележаа сезоната во младинските категории на Фк Вардар

vardarfans top-7

Ѓоргиевски( пом.пионери)-Маркоски (пионери)-Димков (кадети)-П.Петковски(младинци)

Заврши сезоната кај младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар. Ние како веб сајт кој известува за целото семејство Вардар, ги испративме и овие млади генерации преку целата сезона. Активни беа на нашиот сајт извештаи од нивните натпревари, изјави и интервјуа од играчи и се што беше актуелно и поврзано со нив. На крајот решивме да направиме избор на четири играчи, по еден од секоја категорија , кој остави најголем впечаток за својата екипа. Изборот падна на Марко Ѓоргиевски, Дејан Маркоски, Виктор Димков и Петар Петковски.

- Марко Ѓоргиевски( помлади пионери)
Ова момче беше сигурно најголемото откритие за изминатава сезона во младинските категории на Вардар. Ова беше само втора година за Марко во дресот на Вардар, но сигурно е најдобрата за него од како почнал активно да се занимава со овој спорт. Сезоната ја заврши со неверојатни 39 погодоци, бројка која го направи најдобар стрелец воопшто во сите фудбалски категории и екипи кои се натпреваруваа во првенството и купот на Македонија. Ѓоргиевски е стандарден репрезентативец и на Македонската репрезентација до 15 години и игра на позицијата класичен напаѓач. Минатата сезона ја освои и детската лига со црвено-црните. Имаше многу текстови напишано од наша странa  за ова младо момче, чие време допрва доаѓа. Се што не сте прочитале до сега, можете да проверите во категоријата каде настапува тој.

-Дејан Маркоски (пионери)
Капитенот на пионерите, Дејан Маркоски беше дефинитивно најдобриот играч на оваа екипа. Вистински лидер на својот тим и заслужено се најде во нашиот избор. Сезоната ја заврши како најдобар стрелец, со вкупно 18 голови. Неговиот квалитет и одличната форма ја препозна и тренерот на кадетите Љупчо Марковски, кој му даде шанса во првиот состав на последните неколку натпревари. И тука овој виртуоз успеваше да се запише во листата на стрелци. За кадетите беше стрелец на три погодоци. Две години го брани црвено-црниот дрес. Маркоски со успех настапува и за Македонскатата репрезентација до 17 години. Може да настапува на неколку позиции, но неговата омилена е како полушпиц веднаш зад напаѓачите.

-Виктор Димков (кадети)
Ако одиме од фактот, кој имаше најголем напредок и кој најпријатно изненади оваа сезона со својата игра, тоа е токму ова момче. Виктор Димков се најде во ТОП 3 најдобри стрелци за својата генерација во оваа сезона. Зад неговото име на крајот беа впишани 14 погодоци. Беше еден од најстандардните првотимци во составот на тренерот Маркоски. Покрај голгетерските способности се истакна и како одличен асистент, каде сигурно беше меѓу првите успешни во оваа улога. Димков има забележано и репрезентативни настапи за селекцијата до 16 години. Неговата класична позиција е крилен играч. Добрата сезона ја заокружи и со повикот за првата екипа. Имаше можност да тренира со првиот тим, пред нивното заминување за Анталија, како и да биде во тимот на пријателскиот натпревар против Раднички во Ниш. Има одиграно мечеви и во Б-лигата, каде се натпреваруваше втората екипа на Фк Вардар.

-Петар Петковски(младинци)
Петковски го направи вистинскиот потег на почетокот на сезоната, кога од екипата на Македонија Ѓ.П. премина во младинската екипа на Фк Вардар. Уште пред стартот на сезоната, на турнирот “Скопје куп 2014“ кога црвено-црните го освоија истиот, почна да ги покажува своите квалитети. Беше најдобар стрелец за својата екипа на турнирот. Своите одлични настапи и голгетерски способности ги продолжи и во дресот на младинците, каде исто така беше најдобар голгетер за својата екипа. Напорната работа и труд ги препозна и Сергеј Андреев, кој го повика за првата екипа. Петковски се наметна во составот на црвено-црните, каде во последните неколку натпревари дури беше и стандарден во составот на Андреев. Имаше добри игри и самиот даде свој придонес во освојувањето на Шампионската титула. Иако не настапи на последните седум мечеви за младинците, сепак на крајот беше најефикасен нивни играч со 10 голови. Петковски ги брани боите и на Македонската репрезентација до 18 години, каде е и капитен на оваа селекција. Сега го очекуваат повторно подготовки во Австрија со првата екипа на Вардар.

Нашите очекувања се во иднина сите овие момци да бидат стандардни и едни од најдобрите играчи на првиот тим на Вардар.

Звонко Ивановски