Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Утрово ФК Вардар замина за Австрија на подготовките за Л.Ш
Утрово ФК Вардар замина за Австрија на подготовките за Л.Ш

Утрово ФК Вардар замина за Австрија на подготовките за Л.Ш

Утрово црвено- црната експедиција од Аеродромот Алесксандар Велики заминаа за Австрија каде во наредните две недели ќе ги одработат подготовките за Лигата на Шампионите. Во Австрија ќе го дочекаме и ждребувањето на 22 ри Јуни за  противникот во второто  коло .

Нашите фудбалери ќе бидат стационирани во Бад Татцмансдорф поточно во  Хотелот „Авита“ . За време на подготовките ќе имаат четири пријателски меча со силни противници од источна европа (види) . Дирекно во Австија ќе се приклучат Горан Попов и Дашјан Артак , а од Скопје тргнаа следниве :

ГОЛМАНИ: Томе Пачовски, Матија Кобетиќ, Игор Павловиќ, Филип Гачевски.

ОДБРАНА: Златко Таневски, Бобан Грнчаров, Дарко Глишиќ, Хофханес Хамбарџумјан, Дино Најдоски, Горан Попов, Владица Брдаровски, Немања Мијушковиќ.

СРЕДЕН РЕД: Александар Темелков, Влатко Грозданоски, Јасир Асани, Благоја Љамчевски, Никола Глигоров, Артак Дашјан, Виктор Велковски, Стефан Спировски, Сабахудин Аломеровиќ, Петар Петковски, Бобан Николов.

НАПАД: Филип Ивановски, Дејан Блажевски, Филип Петковски, Ацо Стојков, Артур Миранјан.