Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Младинецот Аломеровиќ ново име во Фк Вардар, на подготовките во Австрија
Младинецот Аломеровиќ ново име во Фк Вардар, на подготовките во Австрија

Младинецот Аломеровиќ ново име во Фк Вардар, на подготовките во Австрија

Екипата на Фк Вардар денес замина на подготовки, кои ќе се одвиваат во Австрија. Тука ќе останат се до 3 јули, каде ќе одиграат и неколку пријателски натпревари. Ново име во составот на Андреев на овие припреми е Дин Аломеровиќ, кој настапува за младинците на Фк Вардар. Аломеровиќ е стандарден репрезентативец и на фудбалската репрезентација до 18 години, која беше активна во изминатиов период со одигрување на пријателски натпревари. На еден од тие мечеви токму Аломеровиќ беше стрелец.

Сезоната за младинците ја заврши со 10 постигнати голови и беше заедно со Петковски најдобар играч на оваа генерација. Инаку од почетокот на изминатава сезона, дојдоа во пакет заедно со Петар Петковски од екипата на Македонија Ѓ.П.