Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Утре рано наутро Вардар заминува за Австрија

Утре рано наутро Вардар заминува за Австрија

Утре рано наутро нашите момци и стручниот штаб заминуваат за Австрија каде ќе останат се до 3 јули, и ќе се подготвуваат за настапот во квалификациите од Лигата на Шампионите.
Ова ќе биде втора година по ред Вардар да замине на исто место. Условите за игра и тренинг во Австрија се на највисоко ниво, со самото тоа говори и фактот што хотелот во кој ќе биде сместен Вардар има секакви услови за тренинг, и е вреднуван со пет звезди, и прогласен за еден од најубавите во Австрија.

Флеш вести:
За Австрија нема да отпатува Филип Петров.
– Се очекува Дарко Велковски да отпатува со екипата.
– Гачевски спремен за Австрија.
–  Фелипе доаѓа во Вардар
– Павловиќ пред излезна врата од Вардар.