Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ќе одигра 4 меча во Австрија противници се :Терек Грозни, Спартак ,Металист, Пушкаш Академија !
Вардар ќе одигра 4 меча во Австрија противници се :Терек Грозни, Спартак ,Металист, Пушкаш Академија !

Вардар ќе одигра 4 меча во Австрија противници се :Терек Грозни, Спартак ,Металист, Пушкаш Академија !

Вардар заминува на летни подготовки на 18ти месецов за Австрија и ќе остане се до 3 јули . Фудбалерите и целата експедиција ќе бидат сметени во Хотелот Авита кој беше наша база и изминатите летни  подготовки .

Нашите момци во Австрија ќе го дочекаат противникот за европскиот предизвик .Тие на 18 ќе пристигнат во Бад Тацмансдорф , а веќе после четири дена на 22ри денот кога е ждребот е закажан и првиот тест- меч за црвено црните . Противник е рускиот тим на Терик Грозни- што е потврда на нашата вест од 30/05/2015 (види) . Вардарци по сегашниот план за подготовки во Австрија имаат предвидено да одиграат четири мечеви на кој избраниците на тренерот Сергеј Андреев ќе ја темпираат формата за Лигата на Шампионите.

  • 18 јуни – заминување и сместување во хотел „Авита“
  • 22 јуни –  Вардар -Терек Грозни -Русија
  • 25 јуни – Вардар – Спартак Трнава-Словачка
  • 29 јуни – Вардар – Пушкаш Академија -Унгарија
  • 02 јули – Вардар – Металист Харкив -Украина
  • 03 јули – Враќање за Скопје .