Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Конкурс за Ракометна Академија Вардар за 2015/2016
Конкурс за Ракометна Академија Вардар за 2015/2016

Конкурс за Ракометна Академија Вардар за 2015/2016

Со цел да се зајакне и да ги поттикне работата на Академијата во рамките на својот проект за млади, ракометниот клуб Вардар објавува конкурс за избор на новите регионални единици на Ракометна Академија низ целата Македонија за сезоната 2015/2016.
 
 
Рокот за доставување на пријавите е до 22 јуни 2015 година.
 
Критериумите кои заинтересираните (физички или правни лица) мора да ги исполнуваат:
- Тренер со минимум 5 години работно искуство со млади категории;
- Тренерска лиценца (минимум модул 1 – во рамки на РФМ);
- Регистрирана школа или клуб;
- Обезбедување на спортска сала со ракометни терени;
- Обезбедување термини за одржување тренинзи;
 
Сите заинтересирани треба да достават преку е-маил:
- фотокопии од изводот од централниот регистар;
- краток опис на работно искуство;
- информации за бројот на деца со кои работат;
- возраст на деца и во колку групи работат;
- бројот на неделните тренинзи;
- број на тренери кои работат со деца.
 
Е-маил: mladinska.skola@rkvardar.com
Фото+текст:zrkvardar.mk