Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери ја победија Шкендија, но Шкупи е шампионот во оваа категорија
Помладите пионери ја победија Шкендија, но Шкупи е шампионот во оваа категорија

Помладите пионери ја победија Шкендија, но Шкупи е шампионот во оваа категорија

Денеска се одигра и последното првенствено коло кај помладите пионери. Нашите надежи очекувано високо ги победија своите врсници од Шкендија. Натпреварот се одигра на теренот на Локомотива, и заврши со резултат 4:0. Повторно блесна најдобриот стрелец Марко Ѓоргиевски кој постигна хет-трик, еднаш во листата на стрелци се запиша и Мартин Филипоски.

Црвено-црните немаа проблеми на денешниот натпревар. Разликата во квалитет беше очигледна на наша страна. Брзо поведовме со 1:0, а до првиот дел постигнавме уште погодок, за на одмор да заминеме со резултат 2:0. Со силно темпо и офанзивна игра продлживме и во второто полувреме, што резултираше со уште два погодоци во мрежата на противникот. Денешната победа останува само една мала утеха за помладите пионери, која не беше доволна да се освои Шампионската титула.

Шкупи го зачува тој толку важен еден бод предност пред денешното коло и сосема очекувано се врати како победник од гостувањето во Куманово. Совладан беше тимот на Милано со резултат 1:3. На тој начин екипата на Чаир заврши како прв на табелата со бод предност пред Вардар.

Нашите момчиња не не разочараа одиграа добра сезона, достојно се бореа до самиот крај. Го освоивме купот на Македонија, сега следува одмор, па со нови сили во новата натпреварувачка сезона.