Петар Петковски и Дин Аломеровиќ одиграа цел натпревар во победата на Македонската фудбалска репрезентација до 18 години, против селекцијата на Шведска. Мечот се одигра на тренинг центарот “Петар Милошевски“ и заврши со триумф на нашите надежи со резултат 3:2. Ова беше втор контролен натпревар за избраниците на Горан Станиќ. Третата подготвителна утакмица, ќе ја играат во недела,против селекцијата на Казахстан. Овој натпревар ќе се одигра во Бугарија. Головите на вчерашниот дуел за Македонија ги постигнаа Стефан Јефтовски, Нехар Садики и Тела Шаип. Сосема заскужена победа на нашата репрезентација, со оглед дека доминиравме во мечот и на два пати имавме водство од 1:0 и 2:1. Гостите на два пати се вратија во игра, но недоволна да се избегне пораз.
Петар Петковски веќе во вторник треба да се приклучи на подготовки за првиот тим на Фк Вардар. Тој имаше забележителна улога во освојувањето на домашната титула, каде се наметна во составот на Андреев. Дин Аломеровиќ изминатава сезона го засили младинскиот тим на Вардар и беше најдобар стрелец за својата екипа.