Вчера и официјално со првиот тренинг на теренот до С.Ц Јане Сандански почнаа подготовките на црвено-црните. Истите ги предовдеше шефот на стручниот штаб на ФК Вардар рускиот стратег Сергеј Андреев . Тој го искажа свото мислење и став за следните предизвици во лигата на шампионите . Во изјавата пренесена од клубскиот сајт Андреев вели :
- Сакавме да имаме уште неколку дена плус одмор, но што е тука. Треба да бидеме максимално сериозни и сконцентрирани затоа што се подготвуваме за настапите во Лигата на шампионите. Тоа е голем предизвик, и за мене како тренер прв од таков тип. Треба максимално да се подготвиме за тој тежок предизвик кој не очекува, а набрзо ќе го дознаеме и ривалот. Мислам дека таму имаме шанси да минеме барем едно коло, односно да играме шест натпревари во Европа. Ние сме шампиони на Македонија, а добиваме ривал исто така првак на друга земја. Ги знам можните противници, и немам некоја посебна желба. Ако се прашувам јас, тогаш би сакал некој противник кој би можеле да го минеме, но сигурно дека предизвикот ќе биде тежок. Ние не се предаваме предвреме. Сега максимално да се подготвиме прво за Лигата на шампиониот што ќе ни биде прв приоритет.