Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на Фк Вардар, со пораз ја завршија сезоната
Младинците на Фк Вардар, со пораз ја завршија сезоната

Младинците на Фк Вардар, со пораз ја завршија сезоната

Младинците со пораз против Шкендија во Тетово, ја завршија прилично за нив лоша сезона. Во последното коло, беа поразени од екипата на Шкендија со резултат 3:1. Единствениот погодок за нашата екипа го постигна Ѓорѓи Малов.

После кадетите, ни младинците не успеаа да забележат поволен резултат на теренот во Тетово. Натпревар кој немаше влијание за конечниот исход на табелата, па се играше за престиж. Домаќините одиграа добар натпревар и по првото полувреме имаа водство од 2:1. Во второто полувреме со уште еден погодок во нашата мрежа, само ја потврдија победата на овој дуел. Ова е лоша сезона, за младинците која треба да се заборави и да се мисли веќе за новата натпреварувачка сезона. Шампион во младинска конкуренција, е екипата на Металург.

Фото: ТК Медиа