Вчера се играа натпревари од предпоследното коло, во рамките на квалификациите за Европското првенство, кое следната година ќе се игра во Полска.
-Македонија без поголеми проблеми успеа високо да ја порази селекцијата на Швајцарија, во Сент Гален. Нашите момци одиграа феноменален натпревар и во ниеден момент не беше доведена во прашање големата победа. Стоилов повторно ја понесе најголемата одговорност на позицијата пикер , каде постигна 4 голови. Прибак и Манасков додадоа исто така по 2 погодоци. Пет минути на голот доби и Петар Ангелов. Во недела доволно ни е и реми на дуелот со Чешка, кој ќе се игра во Скопје.
-Руската репрезентација предводена од Дибиров и новото засилување на Вардар, Деревен стигнаа до нова победа во својата група. Совладана беше селекцијата на Украина со резултат 27:22. Првите четири стрелци на овој дуел за Русија се од редовите на Вардар. Дибиров постигна 6 голови, Деревен 5, Горбок и Шишкарев по 3 погодоци.
-Дербито дефинитивно се играше во градот Бар( Црна Гора) каде силите ги одмерија репрезентациите на Црна Гора и Србија. Нерешениот исход на овој дуел, можеби на крај беше најреален, но и резултат кој на крај може да ги однесе двете репрезентации на ЕП. Една од нив, како најдобра третопласирана селекција може да биде патник во Полска. Абутовиќ и Марсениќ имаа забележителна улога во овој меч, каде беа едни од главните играчи во одбраната на Србија. Покрај тоа успеаа по два пати да се запишат во листата на стрелци, што е изненадувачки факт посебно за Абутовиќ, кој сме научени да го гледаме само во одбраната.
-Шпанија одигра доволно колку за да забележи нов триумф и да го завери својот пласман на ЕП. На гостински терен беа подобри од селекцијата на Автсрија со резултат 24:30. Штербик беше на голот на Шпанците. Душебаев беше стрелец на два гола, а еднаш во листата на стрелци се запиша и Македа.
-Хрватите потешко од очекувањата беа подобри од Холандија на гостински терен. Беше остварена тесна победа со резултат 24:27. Единствениот наш Вардарец во Хрватската селекција, Игор Карачиќ постигна 2 погодоци.