Речиси цела сезона кадетите на Фк Вардар ја поминаа на лидерската позиција, но на крајот за жал ја изгубија. Денес се играше решавачкиот дуел за титулата во Тетово, против екипата на Шкендија. Домаќините беа посреќни и со гол дури во 109 минута, ја освоија Шампионската титула во оваа категорија. Конечниот резултат гласеше 3:2. Теодор Димитрoвски и Едис Хамзиќ ги постигнаа головите за Вардар.
Влогот на овој дуел беше преголем за двете екипи. Вардарци и со реми на крајот ќе беа прво место, а Шкендија мораше да напаѓа уште од првите минути. Тимот од Тетово успеа прв да дојде во водство од 1:0 и да има поволен резултат. Нашите надежи се вратија во игра и го израмнија резултатот на 1:1 што беше исход по првото полувреме. Во вториот дел, избраниците на Љупчо Марковски успеаа дури и да поведат со 1:2. Овој гол го постигна Хамзиќ. До тие моменти имавме одличен резултат кој ветуваше дека ќе го оствариме потребниот резултат за задржување на врвот. Но Шкендија не се откажа од своите намери да забележи триумф, по секоја цена. Најпрво израмни на 2:2.
По истекот на 90 минути, зачудувачки помошниот судија продолжи дури 10 минути игра. Тоа домаќините максимално го искористија и на истекот на последната минута од тоа продолжение ја затресоа мрежата на Вардар. На нивна голема радост, судијата отсвири крај, за конечни 3:2. Колку биле реални/нереални тие десет минути продолжение, знаат само присутните на натпреварот.
Шкендија и Вардар имаат исти бодови на табелата, но поради подобриот меѓусебен дуел, екипата од Тетово ќе заврши како прв. Кадетите на Фк Вардар беа убедливо најдобра генерација(со помладите пионери) единствени кои влеваа надеж за двојна титула, но на крајот тоа не се оствари. Сепак треба да се биде горд на овие момци, кои денес машки и со срце изиграа за боите на клубот. На овој дуел домаќинот имаше поддршка и од навивачката група-балисти. Останува утре помладите пионери да не израдуваат и да ја донесат едниствената првенствена титула за генерациите на Вардар, за оваа сезона.