Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во вторник и четврток ќе одигра контролни натпревари со соодветната селекција на Кипар во градот Пафос.
Марио Вујовиќ селекторот на оваа младинска репрезентација на Македонија собирот го имаше во текот на вчерашниот ден во Дојран, а веќе денес отпатува за Кипар, каде ќе одигра два пријателски натпревари со оваа селекција. Во составот за овие мечеви се најдоа и четворица играчи на Вардар. Се работи за Марио Илиевски, Филип Андоновски, Анатолиј Петејчук и Александар Ѓурковски.