Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Велковски, Колевски, Антовски и Наумчески во составот на фудбалската репрезентација до 18 години, на контролните дуели со БИХ
Велковски, Колевски, Антовски и Наумчески во составот на фудбалската репрезентација до 18 години, на контролните дуели со БИХ

Велковски, Колевски, Антовски и Наумчески во составот на фудбалската репрезентација до 18 години, на контролните дуели со БИХ

Младинската фудбалска репрезентација до 18 години се наоѓа во Босна, каде утре и во четврток ќе одигра два контролни натпревари со репрезентацијата на Босна и Херцеговина до 19 години, кои се подготвуваат за квалификацискиот турнир.

Мечевите ќе се одиграат во градот Зеница, а за овие два дуели селекторот на Македонија, Добринко Илиевски повика четворица играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за играчи кои настапуваат во младинскиот состав на црвено-црните. Тоа се голманот, Методија Велковски, потоа централниот дефанзивец Стефан Наумчевски, левиот бек Филип Антовски и напаѓачот Бојан Колевски.