Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на Вардар Јуниор поразени в гости од Радовиш
Младинците на Вардар Јуниор поразени в гости од Радовиш

Младинците на Вардар Јуниор поразени в гости од Радовиш

Во деби колото оваа сезона младинците на РК Вардар јуниор гостуваа кај екипата на РК Радовиш во истоимениот град. Тие не успеаја да освојат бодови на  овој прв дуел сезонава, момците предводени од Пепи Манасков беа поразени со резултат  33 – 27 (17 – 13) од врсниците од екипата на  Радовиш.

Овој натпревар се одигра во  салата „25 Мај” во Радовиш, нашите момчиња на стартот  тргнаа храбро во дуел со домаќините. Првите успавме да поведеме, потоа момците на Манасков поведоа  со два гола разлика, а противникот заостануваше зад нас со најмалку еден гол. Домаќинот, Радовиш сепак со  два последоватлни пенали во 8 и 9 минута,  израмни на 9-9 и направи превсврт во овој мечот. Во продолжение  водството помина кај домаќинот, а ние се трудевме но неуспевавме да го анулираме.  Првото полувреме  заврши со предност 17-13 за Радовиш.
Предноста што тимот од Радовиш ја имаше, во второто полувреме само продолжи да расте, најголемата разлика во полза на Радовиш беше 8 гола, 29-21. Во финишот имавме сили само да го ублажиме поразот од радовишани,  натпреварот заврши со резултат 33-27 на крајот. Најдобри стрелеци во нашите редови во овој натпревар беа Никола Хаџидимовски и Алекс Чупетрески со 5 гола, гол помалку имаше Дино Еленин 4.

Вардар јуниор: Јоаким Ангеловски, Небојша Ангеловски, Мартин Игнов, Дино Еленин 4, Благоја Антевски 2, Стојанче Симевски 2, Стефан Динев 3, Александар Нанов 1, Дамјан Јакимовски 2, Едис Јаховиќ 2, Алекс Чупетрески 5, Андреј Талески, Никола Хаџидимовски 5, Кристијан Стојановски, Борис Илиевски, Петар Тевдоски 1.