Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Арпад Штербик е најдобар голман на колото во ЛШ, тој се најде во најдобриот тим
Арпад Штербик е најдобар голман на колото во ЛШ, тој се најде во најдобриот тим

Арпад Штербик е најдобар голман на колото во ЛШ, тој се најде во најдобриот тим

Се комплетираше петтото коло во групната фаза од лигата на шампионите. Вардар стигна до својот вкупно четврти триумф, откако во С.Ц. Јане Сандански ја победи екипата на Барселона. После завршување на ова коло, ЕХФ направи избор на најдобриот тим, а во него место има за голманот на Вардар, Арпад Штербик.

Штербик имаше ново блескаво издание на голот на Вардар и со 15 одбрани беше најзаслужен за големата победа против Барса, која ни донесе прво место на табелата. Неговите интервенции ги препозна и ЕХФ, која го смести во најдобрите седум на колото. Штербик брани одлично на стартот од сезоната, што е само мотив повеќе за неговите соиграчи да играат подобро.

Вака изгледа најдобриот тим на колото во ЛШ:

лево крило- Ласен ( Алборг)

лев бек – Менсах – Ларсен ( Рајн – Некар)

Среден бек – Прибак ( Бешикташ)

десен бек – Душебаев ( Киелце)

десно крило – Дашек ( Висла Плок)

пикер – Турнат ( Нант)

голман – Штербик ( Вардар)

Видеото со најдобрите седум на колото можете да го погледнете ТУКА.