Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Зибери, Антовски, Стојановски и Битиќи дел од Македонската репрезентација до 17 години, за контролните дуели со Романија
Зибери, Антовски, Стојановски и Битиќи дел од Македонската репрезентација до 17 години, за контролните дуели со Романија

Зибери, Антовски, Стојановски и Битиќи дел од Македонската репрезентација до 17 години, за контролните дуели со Романија

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години во наредниов период ќе одигра два контролни натпревари со соодветната репрезентација на Романија. Истите ќе бидат одиграни денес и во сабота на стадионот во Букурешт.

За овие два дуели, селекторот Добринко Илиевски повика четири играчи од фудбалскиот клуб Вардар. На неговиот список се најдоа голманот Малик Зибери, играчот од одбраната Филип Антовски, од средината на теренот Филип Стојановски и напаѓачот Саит Битиќи. Антовски и Стојановски ќе бидат новитети и во играта на Вардаровите пионери во новата сезона, како големи засилувања за екипата која ќе ја брани двојната круна освоена од изминатава натпреварувачка сезона.