Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Лекција за Шкендија од Вардаровите пионери, кои ќе играат во големото финале на “Скопје куп“
Лекција за Шкендија од Вардаровите пионери, кои ќе играат во големото финале на “Скопје куп“

Лекција за Шкендија од Вардаровите пионери, кои ќе играат во големото финале на “Скопје куп“

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се пласираа во финалето на силниот меѓународен турнир “Скопје куп“. Утрово на теренот во населбата Марино, нашите млади надежи ја надиграа екипата на Шкендија и на тој начин се изборија за големото финале. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 3:0.

Тренерот Сашо Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Велковски, Рамиќ, Ѓоргиески, Трајковски, Пешевски, Али Адем, Стојчески,  Бериша,Ристоски, Дарлишта Ѓоргиевски

Првите пет минути од натпреварот поминаа мирно без некоја посериозна прилика, иако Вардарци уште од самиот старт ја имаа иницијативата на теренот. Шкендија прва се обиде и упати удар кон голот на Мето Велковски, но ударот беше слаб и без поголеми проблеми ја прибра топката нашиот чувар на мрежата. Вардар врати веднаш со удар на Јакуп Бериша, кој заврши над противничкиот гол. На првиот погодок не се чекаше многу време. капитенот Елвир Рамиќ го отвара резултатот на овој меч со глава од корнер. Црвено-црните ја контролираа играта на теренот, од десна страна Рамиќ продре упати топка која стигна до Марко Ѓоргиевски кој биеше, но истата ја зафати еден од играчите на Шкендија која заврши во корна.  Уште една шанса за нашиот голгетер, овој пат топка од истата страна уфрли Бериша. Највисок со глава беше Марко кој од тешка ситуација биеше над голот. Набргу успеваме да го зголемиме водството и тоа од идентична ситуација од корнер нафрлена тока, на неа наиде Марко кој бие прецизно во мрежата на Шкендија, за веќе водство од 2:0. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме.

13903197_1078403315539847_4669870293821964792_n

На стартот на второто полувреме беа направени две измени во нашиот состав. Првата најголема шанса во вториот дел ја имаше Марко Ѓоргиевски, кој создаде добра ситуација, но неговиот завршен удар успешно го брани голманот на Шкендија. Убава прилика за нас, но резултатот остана непроменет. Нововлезениот Мартин Филипоски по само една минута откако влезе во игра успева да погоди и да го зголеми резултатот на 3:0. По овој гол нашиот стартег Тодоровски ја смени речиси целата стартна постава на својот тим. До крајот резултатот остана непроменет. Нашите момци умешно ја одржаа стекнатата предност и ја контролираа играта по средината на теренот. Шкендија речиси и да не направи ниедна посериозна акција кон нашиот гол. Вардар се пласираше во големото финале, каде утре ќе се сретне со екипата на Сесвете, која денес беше подобра од екипата на Осијек по изведувањето на удари од белата точка.