Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Никита Патаровски: Се надевам дека еден ден ќе имам можност да заиграм во првиот состав на Вардар, како и Македонската репрезентација
Никита Патаровски: Се надевам дека еден ден ќе имам можност да заиграм во првиот состав на Вардар, како и Македонската репрезентација

Никита Патаровски: Се надевам дека еден ден ќе имам можност да заиграм во првиот состав на Вардар, како и Македонската репрезентација

Фудбалската Академија на Вардар има многу “бисери“ во своите редови,еден од нив е Никита Патаровски. Тој настапува за Вардаровата генерација родени “2006“ година, која од годинава е под водство Филип Арсовски. Минатата година истата генерација беше под палка на Игор Кралевски кај кој Патаровски секогаш беше прва опција и беше стандарден во составот. Ова младо момче кое е голем фудбалски талент, сите го препознаваат и го нарекуваат според бразилскиот репрезентативец Давид Луис.

-Љубовта кон фудбалот ја добив уште од  шестгодишна возраст, гледајќи натпревари од најсилните првенства во Европа и репрезентации на малиот екран. Додека моите другарчиња гледаа цртани филмови, јас со мало топче по дома ги имитирав познатите фудбалери како Роналдо, Давид Луис и други. Тој мој интерес кон фудбалот го забележаа моите родители кои ме запишаа да тренирам во фудбалската школа-Форца. Таму под водство на тренерот Јовче Џипунов започнав да ја запознавам фудбалската игра и правила.

Ова ќе биде втора сезона за Никита во црвено-црниот дрес, откако од расадникот за млади таленти, премина во ФК Вардар.

-Од месец мај 2015 година сум член на ФК Вардар, под водство на Зоран Петковски, а потоа не презема и Игор Кралевски, под чија “палка“ играв минатата сезона. Фудбалската игра за мене претставува поле за надигрување и ја сакам со целото срце. Се надевам дека еден ден ќе имам можност да заиграм во првиот состав за мојот сакан клуб Вардар, како и Македонската репрезентација. Со еден збор, фудбалот за мене претставува вистинско уживање.

7

“Јуниор“ лигата беше новитет на овие простори, која е под целосна организација на нашиот фудбалски клуб.  Сите ќе имаат можност да ги покажат своите квалитети токму преку неа и да стигнат до младинските категории на најголемиот Македонски клуб.

-Посебно ми е драго што мојот клуб има сопствена  “Јуниор“ лига, каде што играме дополнителни натпревари и имаме можност да се натпреваруваме со нашите врсници од повеќе градови. Со поголем број на одиграни мечеви, добиваме на исксутво и квалитет, така да овој проект на фудбалскиот клуб Вардар е вистински погодок. Исто така имаме можност да тренираме секојдневно на нашата академија , која располага со одлични услови за работа и тренинг. 

Во новата натпреварувачка сезона Вардаровата генерација “2006“ ќе има нов тренер во името на Филип Арсовски. Оваа екипа имаше успешна сезона зад себе со тренерот Кралевски, кога успеа да освои дури четири младински турнири.

-Во моментов со нашиот нов тренер Филип Арсовски тренираме напорно и се подготвуваме за претстојниот летен камп во Охрид и тамошниот турнир, на кој ќе дадеме се од себе да го освоиме. Изминатава сезона беше “плодна“ за нашата генерација, каде освоивме четири последователни турнири и во лигата завршивме без ниту еден пораз. Сепак во четвртфиналето немавме спортска среќа и загубивме на пенали. Во новата сезона се надевам и сум сигурен дека ќе бидеме шампиони во детската лига, изјави Никита Патаровски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски