Две генерации на фудбалскиот клуб Вардар изминативе три дена беа дел од младинскиот фудалски турнир кој по трет пат се организираше во населбата Маџари, под покровителство на Општина Гази Баба и пoддршка од Град Скопје. На крајот освоивме второ и трето место.
ФК Вардар од генерација “2006“ се пласираше на третото место, откако во малото финале беше подобра од фудбалската школа Боев-Карпош. Претходно во полуфиналето го загубивме мечот од Скупи, по изведувањето на удари од белата точка. Двајца играчи од Вардар на крајот добија поединечни награди. Андреј Данстак со уште едно големо признание од младински турнири и повторно избран за најдобар голман во неговата генерација. Неговото последно признание беше на крајот на мсесец октомври кога на Андреј му припадна наградата за најдобар голман. Данстак во полуфиналето успеа да одбрани дури четири удари од белата точка на противникот, но неговите соиграчи не беа ниту еднаш прецизни од оваа позиција.
Еден од најдобрите играчи на оваа генерација и капитен Дарко Сековски е прогласен за најперспективен играч на завршниот турнир. Со своите игри и четири постигнати голови, Сековски беше еден од предводниците на Вардар и заслужено ја доби оваа награда.
ФК Вардар генерација “2007“ се пласираше на второто место на турнирот во Маџари. Избраниците на Петковски во финалниот дуел беа поразени од Нова Колонија (1:2). Сепак двајца играчи на Вардар од оваа генерација добија поединечни награди. Лука Јаневски е најдобар чувар на мрежата, додека неговиот соиграч Александар Грашески е најдобар стрелец на завршниот турнир со вкупно 14 постигнати голови.