Викендов се одиграа и последните натпревари за оваа календарска година во младинските кошаркарски категории на Вардар. Највозрасните, Вардар М-20, со победа ја заврши 2016 година. Нашите млади момци во саботата беа подобри од тимот на КК Струмица на гостински терен со резултат 58:68. Со оваа победа, вардарци си обезбедија прво место на табелата. Во новата година ќе влеземе како лидери, со скор од 6 победи и 1 пораз. Табелата изгледа вака. (Некомплетна)