Проектот “Јуниор“ лига кој е во целосна организација на фудбалскиот клуб Вардар ја има својата втора сезона на функционирање. “Јуниор“ лигата се повеќе започнува да ги дава потребните резултати и на почетокот на новата натпреварувачка сезона нови играчи се приклучија во младинските екипи на ФК Вардар. Таков е случајот со Анатолиј Петејчук кој во Вардар стигна од фудбалската школа Прилеп. Анатолиј настапува за Вардаровата генерација “2002“, каде со своите игри се повеќе се наметнува во составот кој го предводи тренерот Петар Ѓорѓиевски. Ве запознаваме со Анатолиј и неговите први почетоци со фудбалот, преминувањето во Вардар и настапите во есенскиот дел, мислењето за Јуниор лигата и желбите во идина.
1. Дали фудбалот беше ваша прва желба или пројавувавте интерес и кон друг спорт ?
-Мојата прва и единствена желба беше фудбалот. Единствено нешто на кое се радував уште од мали нозе беше топката.
2. Каде беа вашите почетоци и под водство на кој тренер ?
-Моите почетоци беа во Фудбалска Школа Перак од Прилеп под водство на тренерот Зоран Димоски, а почнав на пет годишна возраст.
3. Како ја гледата фудбалската игра и дали имате посебна визија за успех во фудбалот ?
-Нормално дека имам посебна визија. Уште поголем поттик ми даде наградата која ја добив на ЛГ КУП 2015 како најдобар играч на истиот. Фудбалската игра ја гледам како нешто многу сериозно. Пред се е потребна голема дисциплина, сериозност, амбициозност, вложување и тимска работа за да се постигни резултатот.
4. Како се случи да преминете во Вардаровата генерација “2002“. Ваше мислење за проектот “Јуниор“ лига, преку која успеавте да стигнете во Вардар ?
-Пред се да кажам дека сум многу горд што играм за Академија Ф.К. Вардар 2002. Се случи така што претходно играв во Фудбалската школа Прилеп-ТОНИ. Тренерот Тони Наумоски на кој му сум многу благодарен не испрати на проби во Ф.К. Вардар од кој бев избран само јас. Секако дека Јуниор Лигата има големо значење за децата и мислам дека тука добиваат голема шанса да го покажат својот талент.
5. Колку значи за вас играњето во Вардар ?
5. Морам да го пофалам тимот од Ф.К. Вардар, посебно мојот тренер Петар Георгиевски, кој сериозно, принципиелно си ја врши својата работа, како што и треба, а со тоа допридонесуваат ние младите фудбалери да одиме кон поголем успех.
7. Со генерација “2002“ станавте вицешампиони во регионалната лига и се пласиравте во полуфиналето на купот. Едно ваше видување за изминатата полусезона ?
7. Големо значење и големо задоволство е моето преминување во Ф.К. Вардар, бидејќи Ф.К. Вардар е најтрофеен клуб во нашата земја. Секојдневните тренинзи, тимската работа и професионалноста на нашиот тренер Петар Ѓеоргиевски, се заслуга за нашите постигнати резултати во изминатата полусезона. Задоволен сум од себеси, почнувајќи од Јули оваа година, постигнав четири голови.
8. Како се вклопивте во новиот клуб со оглед дека ова се ваши први месеци во црвено-црниот дрес, а веќе се наметнавте во првиот состав кој го предводи тренерот Ѓорѓиевски.
-Во почетокот морам да признаам дека ми беше тешко бидејќи морав да се прилагодам на нова средина, нови луѓе, ново место на живеење, но сето тоа вредеше бидејќи, мислам дека преку Академијата Ф.К. Вардар не само јас, туку секој кој има талент за фудбал би постигнал навистина големи успеси. Добро бев прифатен од соиграчите и мојот тренер. Мојот план за во иднина е да давам се од себе, да се докажувам со дисциплина, редовни тренинзи, а и се надевам на резултат од сето тоа.
Звонко Ивановски