Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гласајте за најубав гол на полусезоната. Одберете ваш фаворит од ремек-делата на Фелипе, Којашевиќ, Спировски или Шиле
Гласајте за најубав гол на полусезоната. Одберете ваш фаворит од ремек-делата на Фелипе, Којашевиќ, Спировски  или Шиле

Гласајте за најубав гол на полусезоната. Одберете ваш фаворит од ремек-делата на Фелипе, Којашевиќ, Спировски или Шиле

Официјалната страница на ФК Вардар ја бара вашата помош за го избере најубав гол на полусезоната. Тие номинираа пет погодоци на четири различни  играчи од црвено-црниот фудбалски колектив. Предлозите што ги нудат изгледаат вака:

1. Дамир Којашевиќ против Пелистер. Црногорецот од слободен удар после проигрување со Фелипе и со Николов успеа да упати силен удар кој што заврши во горниот десен агол
2. Стефан Спировски против Силекс. На гостувањето во Кратово, фудбалерот од средниот ред од прекин од повеќе од 30 метри стрелаше во горниот десен агол
3. Дамир Којашевиќ против Победа. Уште еден убав погодок на крилниот играч, овој пат за победа на Вардар. Погоди од триесетина метри одкосо од лево убаво под пречката за голема радост.
4. Дејан Блажевски против Ренова. Откако доби топка од Брдаровски, истрча речиси 40 метри и со силен шут ја смести топката под пречката од противничкиот гол
5. Хуан Фелипе против Силекс. Бразилскиот интернационалец од слбоден удар стрелаше прецизно во горниот лев агол на немоќниот голман на Силекс

На дното од текстот погледнете ги во видеото од петте номинирани погодоци за најубав во есенската полуетапа , опцијата за  гласањето може да го најдете на  следниот ЛИНК.